Македонскиот прволигаш Тиквеш не ја прифаќа промената на градот и на стадионот за бараж натпреварот против Воска за пополнување на Првата лига. Првично беше одредено мечот да се игра на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, но четири часа подоцна одлуката беше промената за Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Тиквеш смета дека ФФМ под притисок ја промениле одлуката.
„Градскиот фудбалски клуб Тиквеш 1930 АД денес официјално беше присутен со два претставника во Фудбалската федерација на Македонија каде што беше одредена ждрепката за одигрување на Бараж натпреварот за ПМФЛ. На истиот тој состанок беше официјално одлучено за местото на одигрување на натпреварот во Прилеп.Но по неколку часови по необјасниви причини дојде до промена на местото на одигрување на натпреварот.
НИЕ КАКО КЛУБ НЕ ПРИФАЌАМЕ ПРОМЕНА НА МЕСТОТО ЗА ОДИГРУВАЊЕ НА ОВОЈ НАТПРЕВАР БИДЕЈЌИ ОФИЦИЈАЛНО НА ДЕНЕШНИОТ СОСТАНОК ПОМЕЃУ ДВЕТЕ ЕКИПИ БЕШЕ ОДЛУЧЕНО НАТПРЕВАРОТ ДА СЕ ОДИГРА ВО ПРИЛЕП“, се вели во соопштението на ГФК Тиквеш.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Партизан го смени тренерот Срѓан Благојевиќ













