
Скопјанката Ширет Брахими, која го носеше дресот на македонската фудбалска репрезентација речиси 10 години, дел од 2005 година, нема убави моменти во животот, пишува „Опен-ТВ“.
Една од најдобрите фудбалерки што ги имала Македонија, која успеала да освои шест шампионски титули со Шќипоњат, потоа Наше Такси, Охрид, денес живее под кирија заедно со нејзиниот брат, кој е оженет и има деца.
Некогашната позната фудбалерка, денес за да се обезбеди за леб работи како чистачка.
„Денес живеам во тешка финансиска ситуација. Јас работам како чистачка за 2 евра од час, не секој ден, ама кога има работа ме викаат. Многу се борев за македонскиот дрес, а денес сум никој, во незавидна позиција. Дојдов во ситуација некој да ме повика да чистам за некој денар. Не знам што да направам, но животот ми е многу тежок“, изјави поранешната фудбалерка за „Опен-ТВ“, молејќи до институциите во земјава да и обезбедат малку подостојна работа.
Фото: Опен – ТВ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Проблеми за Милан, се повреди Рафаел Леао
