Баерн Минхен и Фламенго приредија вистинска фудбалска драма во еден од највозбудливите натпревари на Светското клупско првенство, но на крајот само еден можеше да продолжи понатаму. Германскиот гигант славеше со 4-2 и обезбеди место меѓу осумте најдобри екипи на светот, каде го очекува европскиот шампион, ПСЖ.
Сè почна експлозивно за „баварците“. Веќе во десеттата минута водеа со 2-0 – најпрво автогол на Пулгар, а потоа и сигурен погодок на Хари Кејн. Темпото не стивна до крајот на првото полувреме. Жерсон успеа да го врати Фламенго во игра во 33. минута, но само осум минути подоцна Горецка повторно зголеми на 3-1 за Баерн.
И второто полувреме не разочара. Фламенго доби пенал, кој Жоргињо го претвори во гол во 55. минута и го врати трилерот на сцена – 3-2.
Сепак, потоа повторно се појави Хари Кејн, во 73. минута со втор погодок ја запечати победата на Баерн и ги однесе во четвртфинале.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













