Џанлуиџи Донарума беше херојот на ПСЖ во вторникот во победата на „Енфилд“ против Ливерпул, но утрово навивачите на францускиот клуб беа во шок откако се појави информација дека Италијанецот веќе летово би можел да направи трансфер.
ПСЖ во вторникот успеа во реваншот да го надомести заостанувањето против Ливерпул од првиот натпревар, а на „Енфилд“ по 120 минути игра резултатот беше 0-1 на семафорот.
Патникот во четвртфиналето на Лигата на шампионите беше одлучен по пеналите, каде што клучна улога имаше Донарума, кој одбрани два пенали на играчите на Ливерпул.
На крајот, ПСЖ успеа да се пласира во наредната рунда на натпреварувањето благодарение на Донарума, но славјето на парижаните поради италијанскиот голман не траеше долго, бидејќи се појави информација дека тој летово би можел да го промени клубот.
Донарума има договор со ПСЖ до летото 2026 година, а клубот од Париз прави сè за да ја продолжи соработката со него, но работите не одат според планот.
Италијанецот е решен да го почека летото за да донесе одлука, додека ПСЖ врши притисок тоа да го стори порано, за да знаат како да постапат ако тој одбие да го продолжи договорот.
Во случај да ја одбие понудата за нов договор, ПСЖ има намера да го продаде веќе ова лето за да спречи негово заминување без отштета. Француските медиуми пишуваат дека во Париз „се вклучи алармот“, бидејќи дознале дека Донарума „флертува“ со друг клуб.
Утрово се појави информација дека Баерн Минхен покажал огромен интерес за Донарума и токму Италијанецот го гледаат како вистински наследник на Мануел Нојер, кој наскоро ќе се пензионира.
Наводно, Донарума е одушевен од повикот од Минхен, поради што одолговлекува со продолжувањето на договорот, сакајќи да види дали Баерн има намера да го доведе уште ова лето.
Баварците веќе воспоставиле контакт, а нивното идеално сценарио е на Донарума да му истече договорот и да пристигне бесплатно. Сепак, доколку е потребно, тие се подготвени да го купат уште ова лето.
Иако Донарума е прв голман на ПСЖ, тој сака нов предизвик, а наводно повикот од Баерн Минхен е мошне примамлив за него.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици













