
Повеќекратниот шампион на Германија, Баерн Минхен, планира следната сезона да ги здружи Роберт Левандовски и Садио Мане и со тоа сигурно да направи еден од најдобрите тандеми во европскиот фудбал, открива „Билд“.
Мисијата на Баерн нема да биде лесна, баварскиот клуб сака да го задржи првиот на „Алијанц арена“, а да го донесе вториот, и не се знае што ќе биде потешко.
Левандовски има договор до летото 2023 година, а тешко дека ќе ја продолжи соработката бидејќи веќе извесно време е во контакт со Барселона, а слична е ситуацијата и со Садио Мане во Ливерпул, кој ќе ги објави плановите за иднината по завршувањето на финалето во Лигата на шампионите.
Според „Билд“, Баерн сака да го задржи Лева како „деветка“, додека Мане би бил првото решение за крилната позиција и во тој случај Серж Гнабри дефинитивно би го напуштил клубот.
Баерн веќе ги доведе Мазрауи и Гравенберх од Ајакс, но останувањето на Левандовски и доаѓањето на Мане ќе бидат убедливо најголемите засилувања на великанот од Баварија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам
