
Германскиот првак Баерн Минхен е подготвен да го урне клупскиот трансфер рекорд за да го ангажира шпанскиот суперталент Педри кој е член на Барселона. Баварскиот клуб би платил 100 милиони евра за негов ангажман, откриваат медиумите во Германија.
Рекордот засега го држи Лукас Хернандез за кого Германците му платија на Атлетико Мадрид 80 милиони евра, а може да се случи тој рекорд да го срушат со ново купување во Шпанија.
Педри денеска официјално ја доби наградата „Златно момче“ за најдобар млад играч во светот во 2021 година.
Баварците се подготвени не само да ја надминат магичната бројка од 100 милиони евра кога е обештетувањето во прашање, туку и на фудбалерот да му понудат четирипати поголема плата од сегашната.
Педри кон средината на октомври го продолжи договорот до 2026 година, а не можеше премногу да ја зголеми платата, што засега е тајна. Според претходниот договор, 18-годишниот Шпанец заработувал нешто помалку од 1,7 милиони евра годишно.
Сепак, Барселона превентивно постави фиксна откупна клаузула од една милијарда евра за да се заштити од заинтересираните клубови на кои во овој момент не можат да им парираат кога се во прашање платите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Арсенал го обнови интересот за Адемола Лукман

Прва лига
Шкупи се засили со Ринор Ајдини

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски погоди и вторпат во дресот на Клуж

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди

Интернационалци
Арменд Алими по 20 години се врати во Башкими
