Германскиот првак Баерн Минхен не се откажува од идејата да го доведе дефанзивецот на Челси, Антонио Рудигер. 28-годишниот дефанзивец долго време е цел на баварскиот клуб кој сега е решен конечно да го оствари трансферот. Договорот на играчот истекува на крајот од сезоната.
Според „Билд“, Баерн Минхен е подготвен да му понуди на дефанзивецот на Челси двојно поголема плата од онаа што моментно ја добива на „Стемфорд бриџ“. Рудигер сакаше да остане во Челси, каде се чувствува одлично и успеа да ја оживее кариерата под водство на Томас Тухел, но не може да најде заеднички јазик со раководството на Челси за продолжување на соработката.
Покрај Баерн Минхен, за услугите на Рудигер се заинтересирани и Реал Мадрид, ПСЖ, Интер и Рома.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах













