
Томас Тухел денеска беше претставен како нов тренер на Баерн Минхен. Тој потпиша договор до летото 2025 година и ќе го наследи Џулијан Нагелсман, кој ненадејно доби отказ во четвртокот вечерта. Одлуката за разрешување на Нагелсман ја донесоа извршниот директор Оливер Кан и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.
„Тајмингот беше изненадувачки. Не го очекував и немаше контакти пред тоа. Претпоставував дека кариерата ќе ја продолжам во странство. Првото интервју беше во вторникот вечерта. Немаме многу време. Веројатно нема да ги видам сите мои играчи до петок. Освојувањето на титулата е секако цел и сѐ уште е можно. Јас сум љубител на поправање на сите грешки на тренинзите. Голема е промената кога главниот тренер ќе си замине. Јасно е дека ќе имаме групни разговори, ќе ми треба фидбек од играчите“, изјави новиот тренер на Баерн.
Тухел зборуваше и за својот претходник.
„Позицијата што Џулијан ја создаде со тимот значи дека имаме шанса да освоиме титули во сите три натпреварувања. Тоа треба да се искористи. Секако дека има некои ризици, но ние сме подготвени на притисок и стрес. Сигурно можам да сочувствувам со Нагелсман, но тоа не е моја одговорност. Дали разговарав со него? Сега сигурно не е време за тоа. Не сакам да бидам нечесен. Еден ден ќе ни се вкрстат патиштата и тогаш ќе разговараме. Во вторникот вечерта почнав да размислувам за тимот. Во Англија и во Париз многу високо го оценуваат Баерн. Никој не сака да игра против Баерн. Големината и силата на клубот ги гледате дури кога ќе излезете од Германија. Баерн е еден од најголемите клубови во светот“, истакна Томас Тухел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
