Connect with us

Атлетик Билбао ќе го стопира трансферот на Нико Вилијамс во Барселона?

Атлетик Билбао не е подготвен лесно да се раздели со Нико Вилијамс и е на пат да им создаде проблеми на шампионите. Баскискиот клуб веќе беше јасен дека, доколку Каталонците сакаат да го ангажираат крилниот напаѓач, ќе мора да ја платат неговата откупна клаузула во износ од 58 милиони евра. Барселона го прифати тоа и е подготвена да го стори.

Сепак, според информации на „Радио Билбао“, Атлетик поседувал податоци кои укажуваат дека Барселона не го почитува правилото 1:1 од финансискиот контролен регулативник на Ла Лига, кое е клучно за реализација на трансфери како оној на Нико Вилијамс. Станува збор за правилото 1:1 – клубот може да троши онолку колку што заработил. Затоа, баскискиот клуб побарал потенцијалниот трансфер да биде блокиран.

Се наведува дека претседателот на Атлетик, Џон Уриарте, и генералниот директор, Џон Берасатеги, се во Мадрид поради обврски поврзани со женската Ла Лига, но го искористиле престојот во главниот град за да ги изразат официјално своите сомнежи пред Кралската шпанска фудбалска федерација и самата Ла Лига.

Правилото 1:1 е еден од темелите на системот за финансиски надзор на клубовите: може да се троши само тоа што се заработува. Од Атлетик сметаат дека Барселона не е во состојба да го исполни тоа правило и затоа секој обид за ангажман на Нико Вилијамс треба да биде внимателно проверен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови