
Арсенал беше елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампионите од Баерн, а со тоа повторно беа срушени соништата на навивачите на овој клуб да можат да стигнат до трофејот во ова натпреварување.
Како што пренесуваат англиските медиуми, Арсенал сериозно ќе се засили во обид следната сезона да ги оствари целите. На лето „топчиите“ ќе тргнаат по класичен напаѓач, но и по крилен напаѓач, бидејќи Артета смета дека тоа се двете позиции на кои тој најмногу „чкрипи“.
Минатото лето Арсенал потроши над 200 милиони евра за да ги донесе Деклан Рајс, Каи Хаверц и Јуријан Тимбер, а како што стојат работите летово ќе бидат потрошени уште 200 милиони.
Прва цел на Арсенал, според англиските медиуми, ќе биде напаѓачот на Њукасл, Александар Исак, кој би ги чинел „топчиите“ 100 милиони евра.
Арсенал во изминатиот период се поврзуваше и со Влаховиќ, Тони и Ѓокереш, но изборот наводно паднал на одличниот Исак, кој најдобро ја познава Премиер – лигата.
Уште еден фудбалер кој го посакува Арсенал е играчот кој минатото лето одби да се пресели во Челси под изговор дека чека друг клуб, а тоа е членот на Кристал Палас, Мајкл Олисе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
