
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, зборуваше на прес-конференција пред вечерашниот реванш од полуфиналето во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
Лондонскиот тим има негатива од 0-1 од првиот натпревар на „Емирати“, а целта е јасна – пласман во финалето на „турнирот на богатите“ по вторпат во историјата на клубот. Првиот и засега единствен настап во финале беше во 2006 година, кога загубија од Барселона со 2-1.
„Тука сме за да победиме. Имаме нова голема можност да испишеме историја. Мораме да научиме од грешките што ги направивме на првиот меч и да ја искористиме оваа шанса“, изјави Артета.
Во првиот натпревар, ПСЖ стигна до минимален триумф благодарение на раниот гол и одличната партија на голманот Џанлуиџи Донарума. Но, Артета смета дека ништо не е готово.
„Имаме исто чувство како и кога игравме против Реал Мадрид – знаеме дека сѐ е можно. Разликата е само еден гол. Сè зависи од нас – како ќе започнеме, како ќе реагираме и како ќе се бориме до последната минута“, додаде стратегот на „топчиите“.
Артета истакна дека на вакви натпревари се создаваат шампиони, и апелираше за целосна поддршка од сите во клубот.
„Потребни ни се сите – и стартните 11, и резервите, и навивачите. Сите сме на мисија“.
Вечерашниот натпревар ќе биде клучен тест за овој млад и амбициозен тим на Арсенал.
„Играчите мора да бидат фокусирани само на играта. Очекуваме електризирачка атмосфера, но подготвени сме“, порача менаџерот на Арсенал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер со пресврт до триумф против Урава редс

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Интернационалци
Езгјан Алиоски потпиша за Лугано

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Евро-фудбал
Наполи ќе се засили со Вања Милинковиќ-Савиќ

Интернационалци
Мајорка е заинтересирана за Столе Димитриевски

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт
