
Арсими влезе во позитивен ритам по големата победа во Битола против Пелистер со 0-4 и сега со голема самодоверба го очекува следниот предизвик. Во рамките на шестото коло од Прва МФЛ, на стадионот во Гостивар, гостин ќе биде екипата на Вардар.
По нешто послабиот почеток на сезоната, тимот од Чегране успеа да покаже карактер и квалитет токму на гостински терен, освојувајќи ги првите три бода на импресивен начин. Токму триумфот во Битола е дополнителен мотив за фудбалерите и стручниот штаб дека со напорна работа може да се остварат целите во првенството.
„Победата во Битола ни даде голем морал, но знаеме дека ништо не е завршено. Вардар е противник кој секогаш бара максимална концентрација. Ние мора да бидеме уште подобри ако сакаме да ја израдуваме домашната публика“, изјави капитенот и голман на Арсими, Вулнет Ислами.
Подготовките за дербито со „црвено-црните“ минаа во добра атмосфера, а тренинг-сесиите беа насочени кон подобрување на тимската компактност и офанзивната ефикасност. Навивачите од Чегране веќе најавуваат масовна поддршка, што може да биде клучен фактор за Арсими.
„Ова е момент кога мораме да покажеме дека победата во Битола не беше случајна. Имаме квалитет и веруваме дека со помош на нашите навивачи ќе ја оствариме целта“, додаде Вулнет Ислами.
Натпреварот Арсими – Вардар се игра од 15:30 часот на стадионот во Гостивар, во рамките на шестото коло од Прва МФЛ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
