Арсенал конечно постигна договор со Спортинг Лисабон за ангажман на Виктор Ѓокереш, но тоа нема да биде последното големо засилување за тимот ова лето. Веднаш по финализирањето на трансферот на шведскиот напаѓач, клубот од „Емирати“ ќе започне интензивни преговори со Кристал Палас за Еберечи Езе.
Арсенал планира да понуди околу 60 милиони фунти, иако во договорот на Езе постои клаузула за откуп вредна 68 милиони фунти. Сепак, се очекува двете страни да најдат компромис.
Фудбалерот наводно е подготвен да ја продолжи кариерата во Арсенал и од сите заинтересирани клубови токму тимот на Микел Артета го смета за најпосакувана дестинација. Доколку преговорите се одвиваат според планот, трансферот би можел да биде официјализиран на почетокот на август.
Иако Арсенал планира да продаде еден од постојните играчи пред да ја испрати официјалната понуда, тоа не е строго задолжително. Можно е во договорот да биде вклучен Рис Нелсон како дел од компензацијата за Кристал Палас.
Минатата сезона Езе одигра 34 натпревари во Премиер – лигата, постигнувајќи осум голови и осум асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













