Рома е во преговори со Арсенал за Гранит Џака, иако понудата од 13 милиони евра е далеку помала од сумата од 25 милиони евра која англискиот тим ја бара за неговите услуги.
Жозе Мурињо е голем обожавател на швајцарскиот интернационалец, кој во септември наполни 29 години. Поради тоа, двете страни се во постојани контакти, но преговорите не се одвиваат лесно, тврди „Скај Италија“.
“Топчиите” бараат 25 милиони евра за фудбалерот од средниот ред, додека римјаните се надеваат дека ќе потрошат приближно половина од оваа бројка, нудејќи 13 милиони евра. Италијанскиот тим може да се обиде да ја намали разликата со нова понуда од едногодишна позајмица со опција за комплетно откупување на договорот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













