
Арсенал официјално ја откри статуата на легендарниот клупски менаџер Арсен Венгер пред својот стадион. Го направил скулпторот Џим Гај, кој користел бронза како материјал. Францускиот стратег е фотографиран како го крева трофејот во Премиер лигата, а статуата е висока 3,5 метри и тежи речиси половина тон.
Венгер помина импресивни 22 години (1996 – 2018) на чело на Арсенал, водејќи го тимот на вкупно 1.235 натпревари во сите натпреварувања. Под негово водство „топчиите“ освоија три титули во Англија, а во 2003/04 година станаа единствениот тим во историјата на Премиер – лигата без ниту еден пораз на првенствен натпревар во текот на целата сезона.
Тој е и менаџер со најмногу освоени ФА купови, откако ги предводеше лондончани до 7 трофеи ова натпреварување. Поранешниот менаџер не успеа да триумфира со тимот во Европа, најблиску до овој успех беше во 2000 година за Купот на УЕФА (поразен од Галатасарај во финалето) и во 2006 година, кога Арсенал го загуби првото финале во Лигата на шампионите со 1:2 од Барселона.
За сите овие достигнувања, Венгер стана шестиот човек кој доби статуа пред „Емирати“, по Тони Адамс, Денис Бергкамп, Херберт Чепмен, Кен Фрајер и Тиери Анри. Во оваа прилика тој самиот ќе биде специјален гостин на клубот за контролата против Монако на 2 август, имајќи можност во живо да ја види неговата статуа.
Arsenal unveil a statue of Arsène Wenger outside of the Emirates.
— B/R Football (@brfootball) July 28, 2023
Legend ❤️ pic.twitter.com/ihKZCxWmjg

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Нов минималец, но и нов триумф на ПСЖ (ВИДЕО)
