Connect with us

Арсенал го продава Пепе

Англискиот премиерлигаш Арсенал одлучи дека крилниот напаѓач Николас Пепе може да го напушти клубот во летниот преоден рок. Клубот од „Емирати“ е подготвен да се раздели со репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска за сума од 30 милиони евра.


Пепе дојде од Лил за рекордни 72 милиони фунти, но никогаш не ги исполни очекувањата во дресот на Арсенал. Не успеа ниту да стане стандарден првотимец.

Оваа сезона Пепе одигра 18 натпревари на кои постигна три гола и забележа пет асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови