Connect with us

Арсенал го декласира Евертон на „Емирати“ (ВИДЕО)

Арсенал ја оствари 19. победа во Премиер – лигата оваа сезона откако на „Емирати“ го декласира Евертон со 4-0. Тимот на Микел Артета сега има 60 бода на врвот, пет повеќе од Манчестер Сити.

Евертон се држеше добро речиси едно полувреме, но потоа нагло им падна концентрацијата и на одмор заминаа со негатива од 2-0. Во 40.минута Букајо Сака го отвори резултатот со одличен погодок, а пет минути подоцна Габриел Мартинели искористи грешка во гостинската одбрана и постигна втор погодок.

Во второто полувреме, Мартин Одегард во 71.минута беше стрелец на третиот гол за Арсенал, а серијата ја затвори повторно Мартинели во 80.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови