Марко Арнаутовиќ и официјално е нов фудбалер на Црвена Звезда. За време на неговото претставување на стадионот „Рајко Митиќ“, не можеше да ги сокрие емоциите. Иако настанот требаше да биде свечен, прес-конференцијата беше обележана со емотивен момент, кога австрискиот напаѓач се скрши по прашањето за неговиот голем пријател и ментор, Синиша Михајловиќ.
По серија новинарски прашања, стигна и она за неговиот однос со Михајловиќ. Арнаутовиќ веднаш го покри лицето со раце, обидувајќи се да ги задржи солзите, и со тешкотии прошепоти:
„Ма немој тоа…“
Неколку моменти молчеше, обидувајќи се да се прибере, а потоа со треперлив глас продолжи:
„Ова е првото прашање што навистина е тешко, не требаше да ме прашаш тоа. Тој ми беше брат, татко, ми беше сѐ. Му реков дека еден ден ќе дојдам овде“, откри Арнаутовиќ.
Тој додаде дека секојдневно разговарал со Михајловиќ за белградскиот клуб.
„Секој ден зборувавме за Звезда, повеќе за Звезда отколку за Болоња во тоа време. Разговарав и со неговите деца и сопруга, сите беа среќни, плачеа. Јас исплакав повеќе во овие три дена отколку во целиот мој живот. Кога… Не можам“, рече Арнаутовиќ, повторно совладан од емоции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













