
Младата репрезентација на Англија до 21 година го освои европското злато по возбудливо финале против Германија, кое се одигра во Братислава. По 120 минути полни со емоции, пресврти и пет погодоци, „трите лава“ славеа со 3-2 и ја освоија титулата на Европското првенство.
Англичаните фуриозно го отворија натпреварот – Харви Елиот донесе водство уште во петтата минута, а Омари Хачинсон зголеми на 2-0 по само 25 минути игра. Изгледаше дека финалето ќе биде еднострано, но Германците одговорија во свој стил.
Нелсон Вејпер намали на 2-1 во самиот финиш на првото полувреме, а Паул Небел со прецизен удар во 61. минута донесе израмнување и нова неизвесност.
Се влезе во продолженија, каде што херојската улога ја презеде Џонатан Роув. Неговиот погодок во 92. минута се покажа како решавачки за победата и титулата.
Англија покажа карактер, зрелост и квалитет и сосема заслужено го подигна трофејот на континенталниот шампионат, оставајќи зад себе уште едно незаборавно финале во младинскиот фудбал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дејвид Бекам заврши во болница

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
