
Селекторот Игор Ангеловски има причина за задоволство по денешната ждрепка во Амстердам на која Македонија ги доби противниците за новото издание од Лигата на Нации. Нашиот национален тим ќе се сретне со Грузија, Естонија и Ерменија, а Ангеловски е оптимист дека „црвено-жолтите“ можат да се борат за првото место во оваа група.
„Најискрено, во овој момент сите мисли и целата концентрација ни е насочена кон натпреварот со Косово. Но, бидејќи веќе ги добивме противниците за новото издание од Лига на нации, согласно нашиот квалитет и прикажаните игри и резултати во изминатиот период, целта на Македонија ќе биде борба за првото место. Во минатите квалификации многупати покажавме дека рамноправно се носиме со било кој противник, а така ќе биде и овој пат. Одиме да го освоиме првото место во групата. На хартија противниците не се атрактивни, но секако поседуваат квалитет. За мене е важно што ние не стравуваме од никого и на секој натпревар ќе одиме на три бода”, порача Ангеловски веднаш по ждребот во Амстердам.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда
