
Македонскиот интернационалец во Романија, Виктор Ангелов, кој го носи дресот на Волунтари, во интерју за романските медиуми прогнозира дека Македонија ќе оствари триумф на вечерашниот натпревар, а стрелец на голот ќе биде Енис Барди.
„Ќе биде тежок натпревар, а мислам дека ќе победи Македонија со голот на Енис Барди“, изјави Ангелов.
Тој вели дека се ќе биде поинаку со оглед дека во националниот тим веќе го нема најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, а имаме и нов селектор.
„Сега многу работи се поинакви. Македонија го нема веќе Горан Пандев, кој беше лидер и сигурно е најдобриот македонски играч. Репрезентацијата има и нов селектор, Благоја Милевски. Тој еден од најдобрите тренери во Македонија и прекрасен човек! Сака да игра офанзивен фудбал и не се плаши од никого. Јас многу научив од него“, порача Виктор Ангелов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal