 
																												
														
														
													Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, би можел наскоро да стане нов член на Манчестер Јунајтед. Веста ја објави познатиот аргентински новинар Гастон Едул, кој во живо на телевизија откри дека Мартинез е во преговори со англискиот гигант, а Астон Вила е подготвена да го пушти.
Овој развој не е изненадување, имајќи предвид дека Мартинез се збогуваше со навивачите на „Вила Парк“ во последното коло од минатата сезона, а веќе со недели се шпекулира за негово заминување.
Се споменуваше интерес од Галатасарај, но аргентинскиот репрезентативец чекал понуда од поголем клуб – и токму таква пристигнала од Манчестер Јунајтед.
Познато е дека новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, не е целосно задоволен од актуелниот прв голман Андре Онана и сака нов чувар на мрежата. Сепак, ситуацијата е комплицирана од неколку причини:
Продажбата на Онана нема да биде лесна – Јунајтед плати 50 милиони евра за него во 2023 година, а играчот има висока плата и амбиции да заигра за друг голем клуб.
Мартинез нема да биде евтин – тој е светски шампион со Аргентина и има сериозна репутација во Премиер лигата.
Манчестер Јунајтед сака трансферот да се реализира што побрзо, бидејќи Онана е повреден и ќе отсуствува уште најмалку два месеца.
Во меѓувреме, менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, е свесен дека ќе остане без својот прв голман, па клубот веќе се насочил кон нова цел – Марко Бизо од Брест, со кого се очекува наскоро да се финализира договорот.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Марк Гехи е пред трансфер во Реал Мадрид
 
																					Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														