Connect with us

Алиоски најдобар играч на Ал-Ахли, но дали ќе остане во Саудиска Арабија?

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски го потврди епитетот на големо засилување за Ал Ахли. Тој статистички е најдобриот играч на клубот од Саудиска Арабија по првиот дел од сезоната.


Сепак, главното прашање е дали Алиоски ќе остане во Ал Ахли и во вториот дел од сезоната или ќе се врати во Европа. За него има интерес од италијанскиот калчолигаш Верона, а се уште има отворена врата и за камбек во англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед.

Езгјан Алиоски настапи на 14 од 15-те натпревари за Ал Ахли, но тимот резултатски потфрли и се наоѓа на 13.место на табелата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови