
Почетокот на новата седмица носи нови можни трансферни бомби, а на листата се редат Александар Исак, Бењамин Шешко и Ромуло.
Првиот во низата е Исак. Ливерпул подготвува рекордна понуда за напаѓачот на Њукасл, вредна најмалку 150 милиони евра – сума поголема од онаа што летово ја платија за Флоријан Вирц. Личните услови не претставуваат проблем, а шведскиот голгетер наводно е подготвен да се упати кон „Енфилд“ и да потпише долгорочен договор.
Њукасл, пак, веќе работи на негова замена. Најлогична опција е Бењамин Шешко од Лајпциг. Словенецот има договорна клаузула што му овозможува заминување доколку пристигне вистинска понуда. „Чавките“ би можеле да платат околу 80 милиони, евра плус бонуси, за да обезбедат важен потпис, особено затоа што заминувањето на Исак изгледа сè поверојатно.
А Лајпциг веќе има подготвена замена за Шешко – 23-годишниот Бразилец Ромуло, член на турски Гезтепе. Висок 193 сантиметри, тој сезонава постигна 22 гола и забележа 13 асистенции на 46 натпревари, привлекувајќи го вниманието на германскиот клуб кој традиционално знае да донесе квалитетни и финансиски исплатливи засилувања. Засега не е познато колкава сума би издвоил Лајпциг за овој трансфер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
