Во Јувентус молк и разочарување по убедливиот пораз од Челси, иако Павел Недвед се обиде да ја минимизира штетата велејќи дека целта, пласманот во осминафиналето на ЛШ е постигната. Сепак, тоа што го прикажа тимот во Лондон е болната вистина, Јуве не е доволно конкурентен, посебно во елитното европско натпреварување.
Оттаму и намерата за речиси комплетна реконструкција што треба да ја спроведе тренерот Масимилијано Алегри. Тој е многу незадоволен од средниот ред и смета дека таму треба да има најмногу промени. Рамзи е веќе отпишан, Рабио кој сака да замине исто така ќе го напушти клубот, Бентанкур кој не успеа да се развие во играчот што го очекуваа по пристигнувањето од Бока. Артур е комплетен неуспех, Меккени нема квалитет за Јувентус и тоа практично значи дека во маневарот би можеле да „преживеат“ само Локатели, а можеби и Бернардески, кому му истекува договорот.
Како може Јувентус да ги надомести тие заминувања. Наводно блиску се до Витсел од Борусија Дортмунд, во првиот тим ќе прејде новиот аргентински репрезентативец Матијас Суле, а можност ќе добие и Ровела од Џенова.
Во нападот, прва цел е Душан Влаховиќ. Мората нема да биде откупен, а може да се жртвува и Кулушевски. Клубот го „мерка“ и Лука од Пиза, а останува секако Киеза кој треба да направи тандем со Влаховиќ. Ако Јувентус ја изгуби битката за Србинот, тогаш ќе се насочи кон Икарди.
Промена ќе има и во одбраната. Првата е заминувањето на Алекс Сандро, Јувентус има план да се ослободи и од Ругани, да доведе уште еден стопер или поверојатно да го врати Романецот Раду Драгушин од Сампдорија. И Фработа треба да се врати од Верона.
Клубот постигна некаков договор да го подмлади тимот, да започне нов циклус, да им даде поголема шанса на играчите кои потекнуваат од Јувентус или играле во резервниот тим. Јасно е дека има уште неколку планирани имиња како Закарија од Борусија Менхенгладбах кој е офанзивен играч за врска, а раководството секако ќе се насочи и кон некои од слободните агенти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal