
Италијанскиот стратег Масимилијано Алегри (53) е изборот на Флорентино Перез за клупата на Реал Мадрид по заминувањето на Зинедин Зидан, пишува шпанскиот „АС“. Се очекува овие денови да биде постигнат и конечен договор.
Зидан одлучи го напушти клубот и тоа го објави синоќа, а раководството на „кралскиот клуб“ беше подготвено за ваквата ситуација и веќе имаше остварено контакти со Алегри кој го чекаше развојот на ситуацијата.
Шпанците пишуваат дека ставот на Алегри бил примерен бидејќи тој ризикувал бројни можности за продолжување на кариерата додека чекал повик од Мадрид. Со своето однесување ги воодушевил челниците на шпанскиот гигант.
Алегри во Реал Мадрид сака да направи непречена транзиција на фудбалерите во тимот, што всушност е планот и на клубот. Тој нема да пристигне со голем тим на соработници, како Анчелоти кој донесе 15 негови луѓе. Алегри ќе донесе тројца или четворица блиски соработници од Италија.
Единствен конкурент во трката за Алегри е Јувентус, но Италијанецот има огромна желба да седне на клупата на „кралевите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Тотенхем ги шокираше “граѓаните”
