
Серху Гираси би можел ова лето да ја напушти Борусија Дортмунд, а сериозен интерес за неговите услуги покажува Милан. Сепак, пречка во преговорите е високата отштета што ја бара германскиот клуб – дури 70 милиони евра.
По разочарувачката сезона, „росонерите“ започнуваат голема реконструкција на тимот со јасна цел – враќање во борбата за врвот во Серија А и сигурен пласман во Лигата на шампионите. Лука Јовиќ е на излезна врата и најверојатно ќе се пресели во Круз Азул, а Теми Абрахам се враќа во Рома по позајмицата.
Новиот тренер Масимилијано Алегри бара моќен напаѓач во нападот, и покрај тоа што клубот веќе во јануари го доведе Сантијаго Хименез. Гираси се вклопува совршено во неговите планови.
Според „Кориере дело Спорт“, Гвинејецот е приоритетна цел, но Борусија Дортмунд нема намера лесно да попушти. Потсетување, Гираси минатото лето прејде во Дортмунд од Штутгарт за 18 милиони евра, а за само една сезона постигна импресивни 35 голови и девет асистенции на 48 натпревари, вклучувајќи и 13 голови во 14 настапи во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Интернационалци
Арменд Алими по 20 години се врати во Башкими

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
