
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје ќе ги продолжни подготовките за двата контролни натпревари што ја очекуваат на почетокот на јуни.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски ќе одиграат два контролни натпревари со Полска и Босна и Херцеговина.
Првиот контролен дуел против Полска ќе го играме на 1. јуни, во Радом. Четири дена подоцна во Кониќ играме со селекцијата на Босна и Херцеговина.
Стандардниот чувар на мрежата на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Марко Алчевски даде свое видување и коментар за претстојните предизвици.
„Подготовките и тренинзите се одвиваат во најдобар ред, сите фудбалери сме подготвени да одговориме на задачите кои ни се дадени од селекторот и неговиот стручен тим.
Иако се работи за контролни мечеви, не очекуваат два исклучително тешки тестови. Полска е репрезентација која со својот квалитет е на рамниште како Холандија и Шведска. Тоа е мотив плус за нас да одиграме добар натпревар и да се надигруваме со силен противник.
Мораме да го подобриме пристапот и фокусот во одредени моменти од мечот и да ги сведеме грешките на минимум, бидејќи секоја квалитетна селекција ја користи секоја можна слабост во модерниот и брз фудбал.
На овие контролни натпревари ќе се обидеме да се подобриме што е можно повеќе во сите сегмени од играта и да ја вратиме самодовербата по неколкуте лоши резултати, да се воиграме подобро и да покажеме и докажеме дека победата во провото коло против Шведска на гостински терен не беше случајна“, изјави Алчевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија

Евро-фудбал
Дембеле поради повреда нема да игра два месеци?

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана
