Продолжуваат промените во фудбалската репрезентација на Шпанија по поразот од Мароко. Откако селекторот Луис Енрике ја напушти функцијата, а веднаш го наследи Луис де ла Фуенте, промена ќе има и на позицијата директор за фудбалски операции.
Актуелниот Хозе Франциско Молина ќе му отстапи место на Алберт Луке, кој ќе го преземе од јануари 2023 година, соопштија од федерацијата.
Шпанската фудбалска федерација објави дека замената на Молина со Луке ја задоволува потребата за „реконструкција со нов модел на управување на спортскиот оддел по одлуката на Хозе Франциско Молина да не го продолжи договорот и да направи простор за нов спортски проект“.
Федерацијата му се заблагодари на Молина за неговата „професионалност, работа и посветеност на напредокот на тимот“.
Алберт Луке досега беше дел од кабинетот на претседателот на федерацијата. Како фудбалер има 17 натпревари и два гола за шпанската репрезентација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













