
Саудискиот клуб Ал-Наср, за кој настапува суперѕвездата Кристијано Роналдо, испратил официјална понуда за крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Ентони.
Ентони, заедно со Џејдон Санчо, Тајрел Маласија и Алехандро Гарначо, моментално тренира одвоено од првиот тим и не беше вклучен во претсезонската турнеја на клубот во САД.
Очигледно е дека Манчестер Јунајтед е подготвен да се раздели со Бразилецот, а неодамна се споменуваше дека ќе бара околу 50 милиони евра за неговиот трансфер.
Амбициите на Ал-Наср да се врати на врвот на саудиското првенство по разочарувачкото трето место минатата сезона се придружени со значителни инвестиции.
Клубот постигна договор со Челси за Жоао Феликс за 30 милиони евра, а со бонусите зделката може да достигне 50 милиони.
Ентони ја мина втората половина од сезоната 2024/25 на позајмица во Бетис, каде што ја врати својата форма со девет голови на 26 натпревари.
23-годишниот Бразилец речиси сигурно ќе го напушти Манчестер ова лето, но останува прашањето дали е подготвен да прифати понуда од Саудиска Арабија. Неговата желба беше да се врати во јужна Шпанија, но Бетис нема доволно финансиски средства за да го ангажира.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
