Саудискиот клуб Ал-Хилал ја поставил ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, како главна трансферна цел во своите планови, пренесуваат повеќе реномирани извори. Деветнаесеткратниот шампион на Саудиска Арабија е подготвен да понуди сериозна финансиска понуда за Португалецот, но сака трансферот да се реализира што е можно побрзо, за плејмејкерот да биде на располагање за претстојното Светско клупско првенство, кое ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули во САД.
Клубот од Ријад има сериозни планови за засилувања, а една од нивните главни цели беше и Мохамед Салах, но Египќанецот реши да остане во Ливерпул.
Англиските медиуми потврдуваат дека во изминатите недели имало средба меѓу претставници на двете страни, но ваков трансфер е малку веројатен бидејќи од „Олд Трафорд“ немаат намера да се разделат со својот капитен.
Ал-Хилал има долгогодишен интерес за Бруно Фернандеш и двете страни веќе имале разговори уште минатото лето, но Португалецот досега не покажал сериозна желба да го напушти европскиот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Левандовски на зима ја напушта Барселона?
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго













