Connect with us

Ал Хилал му нуди на Лео Меси плата од 300 милиони евра годишно!

Лионел Меси би можел да му се придружи на Кристојано Роналдо во Саудиска Арабија, ако ја прифати понудата од Ал Хилал од неверојатни 300 милиони евра по сезона. Тимот кој е актуелен шампион на Саудиска Арабија и кој со 65 титули е најтрофејниот клуб во Азија, го посакува Лео Меси. Ова го тврди „Мундо Депортиво“, а платата на најдобриот аргентински фудбалер би била нов светски рекорд.


Кристијано Роналдо неодамна ја официјализираше преселбата во саудискиот Ал-Наср, а најголемиот ривал Ал Хилал подготвува понуда за Меси. Тоа би го обновило ривалството со Кристијано Роналдо. На овој начин двете големи ѕвезди по неколку години повторно би заиграле во истата фудбалска лига.

Аргентинецот има договор со Пари Сен Жермен до крајот на актуелната сезона, но голема е веројатноста да го продолжи за уште една сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови