Академија Пандев и Струга Трим Лум ремизираа 1-1 во Струмица во последниот меч од првото коло во Првата фудбалска лига. Домаќинот имаше поголема желба за триумф, создаде и повеќе шанси на овој меч, меѓутоа, сепак, затаи реализацијата кај тимот на Александар Васоски.
Емир Скендери во 25.минута искористи едно невнимание во одбраната на Академија Пандев и со прецизен удар од десетина метри донесе водство за Струга ТЛ.
На самиот старт од второто полувреме, во 53.минута, Мартин Мирчевски успеа да постигне погодок за израмнување. До крајот, Академија Пандев напаѓаше со желба да стигне до трите бода, но, сепак, не успеа во тоа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













