
Според италијанскиот весник “Газета дело Спорт”, Серхио Агуеро, сака да заработува неверојатни 12 милиони евра по сезона во неговиот иден клуб. За Аргентинецот се заинтересирани Барселона, Пари Сен Жермен, Јувентус и Челси.
Договорот на 32-годишниот напаѓач со Манчестер Сити истекува на крајот на сезоната, а веќе е потврдено дека тој ќе замине како слободен агент. Поради тоа, Барса го смета како една од опциите за засилување на нивниот напад.
Се верува дека Агуеро веќе добил двегодишна понуда од Јувентус вредна 10 милиони евра по сезона. Со оглед на финансиската состојба, “Каталонците” не можат да одговорат на понудата на Јуве, но тие се надеваат дека пријателството на Агуеро со Лионел Меси ќе игра клучна улога во неговиот можен трансфер на “Камп Ноу”.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal