Connect with us

Адеми и Ристовски го освоија Суперкупот на Хрватска

Актуелниот шампион Динамо Загреб го освои Суперкупот на Хрватска откако на пенали го совлада Хајдук на „Максимир“ со 4-1. Во регуларниот тек од мечот немаше голови.

Аријан Адеми и Стефан Ристовски успеаја да освојат уште еден трофеј, а Јани Атанасов вечерва беше во поразената екипа.

Што се однесува до настапот, Адеми одигра 78.минута, додека Ристовски и Атанасов останаа на клупата за резерви во двата тима.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови