
Македонскиот фудбалски репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми, се наоѓа пред трансфер во Кина. Тој добил одлична понуда од еден кинески прволигаш да замине на Далечниот Исток.
Адеми во Кина би заработувал 3 милиони евра по сезона и би добил тригодишен договор, со гаранции дека сите финансиски аспекти ќе бидат максимално испочитувани.
Ова е нова богата понуда за капитенот на Динамо Загреб на кого клубот не му дозволи трансфер во Саудиска Арабија. Но, сега ситуацијата е поинаква, Динамо обезбеди 11 бода предност на врвот на табелата откако вчера го победи Хајдук Сплит со 4-0 на „Максимир“. Адеми беше стрелец и асистент на овој натпревар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski