
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го има првиот собир пред стартот на подготовките за Европското првенство. Селекторот Игор Ангеловски ги очекува речиси сите повикани репрезентативци кои веднаш ќе бидат тестирани, а потоа и речиси максимално изолирани поради заштита од коронавирусот. Нема да го напуштаат хотелот осван за тренинзите и планираните активности.
Капитенот Горан Пандев и Аријан Адеми добија дополнителен одмор од три дена по напорната сезона. Пандев и Адеми имаа исцрпувачки напори со Џенова и со Динамо Загреб и селекторот Ангеловски им даде три дена „наградно“.
Последен на националниот тим ќе се приклучи голманот Столе Димитриевски, но поради обврските со Рајо Валјекано во Шпанија. Тој се очекува да пристигне на 30. мај.
Од утре фудбалерите ќе почнат и со тренинзи на комплексот на ФФМ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
