
Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија и еден од основоположниците на самостојна ФСМ, Илија Атанасовски – Ико.
Наш долгогодишен фудбалски работник. Беше фудбалер, тренер, членуваше во комисиите на УЕФА и на ФИФА, беше фудбалски историчар.
Ќе остане запаметен и како автор на енциклопедијата на македонскиот фудбал со наслов „Ние сме едно големо фудбалско семејство“.
Неговото дело даде само потврда дека фудбалот беше опсесивна тема за Ико.
Великан на фудбалот.
Голем и како човек и како играч и како функционер.
Во ФФМ работеше цели 26 години, а во тој период заедно со тогашниот претседател на Федерацијата, Љубисав Иванов – Ѕинго, Фудбалскиот сојуз на Македонија беше примен во УЕФА и во ФИФА.
Исклучително ценет од колегите и од спортските работници. Ќе биде запаметен како еден од големите спортски работници кој знаеше да ги препознае, застапува и брани интересите на македонскиот фудбал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен

Млади репрезентации
Станиќ: Подготвени сме за уште еден предизвик против врвна репрезентација

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
