Раководството на Милан размислува за Хулен Лопетеги како можен нов тренер на тимот и двете страни дури веќе одржале два меѓусебни средби, информираат медиумите во Шпанија. На шефовите на „росонерите“ им се допаѓа профилот и работата на поранешниот селектор на Шпанија и на Реал Мадрид. Сметаат дека гради стабилни тимови, способни да се борат за трофеи без големи финансиски средства, а во исто време инвестира и развива млади и талентирани играчи, кои не недостигаат во тимот.
Двете страни разговарале за нивните приоритети и желби, а сега Милан чека поконкретен одговор од Лопетеги дали би се согласил да го преземе тимот. Тој одби неколку понуди во последниве месеци, а медиумите објавија дека тренерот претпочита да работи во Англија. Последен пат беше на чело на Вулверхемптон.
Иднината на Стефано Пиоли на чело на Милан сѐ уште не е конечно решена. Тимот ја немаше својата најсилна сезона под негово водство, но во последните недели драстично ја подобри формата и го стабилизираше настапот.
„Росонерите“ вечерва ќе се сретнат со Рома во реваншот од четвртфиналето во Лига Европа, откако го загубија првиот меч на домашен терен со 0-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal