
Воска Спорт за првпат ќе игра во финалето на Купот на Македонија, откако го елиминира актуелниот освојувач Македонија ЃП. Тиквеш ќе биде нивниот ривал во финалната пресметка, откако на пенали успеа да го елиминира Шкупи (5-3) на мечот во Кавадарци. И двете екипи првпат во историјата ќе играат во финалето на национачниот Куп.
По триумфот од 2-0 на домашен терен во Охрид, тимот на Воска денеска загуби со 2-1 во Ѓорче Петров, па со вкупен резултат од 3-2 обезбеди пласман во битката за трофејот.

Џемил Јахији во 13.минута донесе предност за Воска, а брзо израмни Самир Фазли со погодокот во 25.минута. Крсте Велкоски во 64.минута се погрижи за пресврт, но на „лавовите’ им недостигаше уште еден гол за да ја анулираат негативата.
Тиквеш и Шкупи повторно ремизираа без голови и во Кавадарци, па преку пенали се решаваше патникот во финалето. На крајот подобри изведувачи на ударите од 11 метри беа фудбалерите на Тиквеш, кои славеа со 5-3.
Клучна беше првата серија кога голманот Ренер го одбрани ударот на Дарко Илиески.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Бетис лесно ја надигра Џирона (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
