
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″.
Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ, по победата над Естонија зеблежаа нов убедлив триумф со 3-0 над ФК Анталијаспор.
Нашите млади фудбалери одиграа феноменално прво полувреме надигрувајќи го противникот во секој сегмент од играта. Во првите 30. минута успеавме да постигнеме три погодоци и многу рано да го решиме прашањето на победникот на оваа средба.
На самиот старт на средбата, Силјановски постигнува гол за водство на Македонија. Три минути подоцна Гаштаров ја зголемува нашата предност. Матески во 30. минута се запишува во листата на стрелците и ги поставува конечните 3-0.
МАКЕДОНИЈА: Амар Хаџибулиќ, Андреј Љубевски, Габриел Крстевски, Нуман Ајетовиќ, Милот Синани, Адриан Незир, Давид Ристовски, Никола Манојлов, Давид Матески, Матеј Гаштаров, Андреј Силјаноски;
Селектор: Вујадин Станојковиќ.
Во претходното коло, Македонија забележа убедлива победа над Естонија со 3-0.
Во воведното коло од силниот меѓународен турнир во Анталија, нашите млади фудбалери незаслужено беа поразени од Молдавија со минимални 1-0.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
