
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година денеска (14 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ ја пречекува Шведска во квалификациите за ЕП. Селекцијата на Драган Канатларовски претходно успеа да го победи Гибралтар со минимален резултат 1-0, но јасно е дека ќе мора да одигра многу подобро против фаворитот.
Македонија ја изненади Шведска и победи со 0-1 на гости, на отворање на квалификациите.
Селекторот Драган Канатларовски знае дека дека сега фудбалерите до 21 година ги очекува еден сосема поинаков натпревар.
„Против Гибралтар сите очекувавме дека малку полесно ќе дојдеме до победата, но, ете, имавме слаба реализација. Загубивме и тројца фудбалери, се повредија Диме Тодоровски и Берат Калкан, а Методи Максимов доби картони поради кои нема право на настап. Шведска е квалитетна селекција, сигурно ќе сака „одмазда“, но ние сме подготвени и сигурно дека и ние ќе се прашуваме за резултатот на овој натпревар. Ќе биде сосема поинаков дуел, а ние треба да бидеме максимално фокусирани во текот на сите 90 минути и да знаеме што сакаме во секој момент од мечот“, изјави селекторот на младиот национален тим, Драган Канатларовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
