Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, денеска му беше домаќин на Андриј Шевченко.
Поранешниот славен фудбалер и актуелен претседател на Фудбалската федерација на Украина ги следи натпреварите од Елитната фаза квалификации за пласман на ЕП до 19 години.

„Андриј е наш драг гостин. Заедно споделуваме искуства и на чести состаноци во УЕФА. Се заблагодари на гостопримството и на добрата организација на турнирот.
Посакував престојот во Скопје да не мине резултатски позитивно за него, барем на првиот ден од натпреварите, но денешниот фудбал не простува грешки, а ние денеска наивно загубивме од Украина.
Остануваме позитивни за преостанатите два меча од групата”, изјави Муамед Сејдини.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Мареска: Делап повторно ќе паузира долго













