Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години денеска ги стартува натпреварите во елитните квалификации за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во Северна Ирска. Турнирот се одржува во Скопје, на терените на ФФМ и во Ѓорче Петров, а избраниците на селекторот Тони Јакимовски за ривали ќе ги имаат селекциите на Украина, Швајцарија и на Летонија.
Ова е голема шанса за Македонијa да обезбеди пласман на ЕП.
Капитенот Мартин Ѓорѓиевски верува во квалитетите на нашиот национален тим.
„Свесни сме за шансата која ни се укажува, а тоа е можност за пласман на Европско првенство. Не знам дали некогаш повторно би имале прилика да се бориме за нешто толку големо и значајно за Македонија. Знаеме дека нѐ очекува тежок натпревар против Украина, но ние сме подготвени, со нетрпение го очекуваме мечот и се надевам дека ќе оствариме позитивен резултат“, изјави Ѓорѓиевски.
Адријан Зенделовски посочи дека фудбалерите имаат голема самодоверба во пресрет на стартот на турнирот.
„Имаме навистина силен тим, веруваме многу во нас и тоа ќе го покажеме на претстојните натпревари. Ја остваривме целта на квалификацискиот турнир во Полска за пласман во Елитната фаза, сега ни преостанува да се обидеме да се избориме за пласман на Европско првенство“, истакна Зенделовски.
ЕЛИТНА КВАЛИФИКАЦИСКА ГРУПА – 7, СКОПЈЕ
20.03.2024 (денеска, 14 часот)
Македонија – Украина (терен ФФМ)
Швајцарија – Летонија (стадион во Ѓорче Петров)
23.03.2024 (14 часот)
Македонија – Швајцарија
Украина – Летонија
26.03.2024 (14 часот)
Македонија – Летонија
Украина – Швајцарија
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Интернационалци
Давид Тошевски со дебитантски гол за Дендер во Белгија (ВИДЕО)













