Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Босна и Херцеговина.
Двата контролни меча ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје.
Капитенот на младата репрезентација на Македонија, Мартин Ѓорѓиевски даде коментар и свое видување за дуелот со БиХ и претстојните квалификации.
„Како и на секој претходен натпревар, така и на овој ќе пристапиме максимално фокусирано и внимателно. Босна и Херцеговина е репрезентација која поседува квалитет. Ја анализираме нивната игра, се надевам дека ќе одиграме добар натпревар.
На утрешниот меч верувам дека ќе одиграме храбро, борбено и посветено во текот на сите 90. минути. Имаме неколку повредени играчи, но верувам дека можеме да постигнеме позитивен резултат против квалитет противник. Да го продолжиме трендот на позитивни резултати пред почетокот на престојните квалификации од елитната фаза во месец март.
Имаме одлична атмосфера внатре во тимот, мотивацијата е на највисоко ниво, сите заедно со нетрпение го очекуваме стартот на квалификациите. Сакаме да испишеме историја и да постигнеме успех.
Односот со селекторот и неговиот стручен тим е професионален, на тренизните се работи максимално напорно и пожртвувано. Тоа е и клучот за нашиот успег и одличните резултати на претходните квалификации.
Поседуваме квалитет, имаме одличен тимски дух, селекторот и стручниот тим веруваат во нас. Подготвени сме да дадеме се од себе за дресот со државен грб и да оствариме нов успех“, вели Мартин Ѓорѓиевски.
Генерацијата која ја предводи селекторот Тони Јакимовски на 18. март ја започнува елитната рунда на квалификации. Нашите млади фудбалери се наоѓаат во групата 7 и за противници ќе ги имаат репрезентациите на Швајцарија, Украина и на Летонија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski