Младата репрезентација на Македонија до 16 години (фудбалери родени 2008 година), моментално се наоѓа во Кичево на зимски тренинг камп, каде што ќе се проверува и подобрува моменталната физичка форма на играчите пред претстојните предизвици.
Тренинг кампот на младата селекција на Македонија ќе трае до 25. февруари.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Раде Каранфилоски за моменталните подготовки во Кичево, ги повика следните фудбалери:
Антониј Трајковски Работнички
Дарко Јовчев Македонија Ѓ.П.
Александар Трајков Академија Пандев
Енвер Фејзуловски Пелистер
Мартин Џангаровски Академија Пандев
Симон Крстев Брегалница
Ристе Стоилов Академија Пандев
Матео Кесиќ Академија Пандев
Лука Варошановски Академија Пандев
Лорен Жаку Воска
Матеј Герасов Работнички
Давид Ангелевски Пелистер
Флорент Османи Шкендија
Блерон Бајрами Вардар
Алек Сиваков Пелистер
Стефан Бујаровски Вардар
Јован Мармачовски Пелистер
Александар Грашески Њу Старс
Бленди Ганиу Шкупи
Габриел Талевски Академија Пандев
Костантин Апостоловски Работнички
Алесандро Грујоски Лундс
Дени Османовски Хлесинборг
Душан Бојовиќ Вардар
Матеј Сејменов Академија Пандев
Капитенот на нашата млада селекција на Македонија, Александар Грашески, даде свој коментар за досегашниот дел од зимските подготовки во Кичево.
– Имаме одлични услови и се тренираме напорно на овие подготовки, работиме со добра динамика и напредуваме во континуитет.
-Владее позитивна атмосфера во репрезентацијата. Сите сме максимално фокусирано на овие припреми и се трудиме од ден во ден да бидеме се подобри.
-Верувам дека оваа генерација на фудбалери има квалитет и може да се надева на остварување на успех. Мораме да функционираме како еден колектив, само така можеме да оствариме и да направиме нешто големо.
-На есен не очекуваат квалификациите за пласман на Европско првенство. Имаме доволно време и можност да се подготвиме на највисоко ниво до тогаш.
– Веруваме во нашите квалитети, имаме одлична комуникација со нашиот селектор и стручниот тим, подготовките течат во најдобар ред, сите заедни веруваме во успех.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski