
Фудбалската федерација на Македонија во соработка со „Црвен крст“ и со Институтот за трансфузиона медицина во „Куќа на фудбалот“ организираше крводарителска акција во која учествува вработени во федерацијата и надворешни соработници кои доброволно се вклучија во повикот за несебична помош и солидарност.
Повеќе од 40 пријавени изразија волја за крводарување, а беа собрани вкупно 32 крвни едниници.

Во оваа трансфузија на љубовта, секоја крвна група си имаше свој херој. Меѓу дарителите на највредниот подарок беше и селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски кој со личен пример придонесе за подигнување на свеста за крводарување и со тоа посведочи дека секој од нас може да спаси живот.

Со крводарителската акција „Највредниот подарок. Капка полна живот“ ја истакнуваме заложбата за хуманост која е цел и ориентација на сите вработени во федерацијата.


Доброволното крводарителство станува дел од традицијата на Фудбалската федерација на Македонија како доказ за социјално – етичкиот концепт и одговорност.






-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
