Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година во октомври ја очекуваат два тешки натпревари против селекциите на Грузија и Австрија.
На 16. ноември силите ќе ги одмерат со Грузија, на домашен терен, во рамките на четвртото коло од квалификациите за пласман на ЕП 2025 што ќе се одржи во Словачка.
Пет дена подоцна, ќе се соочат со Австрија на гостински терен во контролен натпревар кој ќе биде одигран во Риед.
Репрезентацијата на Македонија предводена од селекторот Драги Канатларовски денеска официјално ќе ги започне подготовките за претстојните два меча со Грузија и Австрија.
Еден од нашите клучни играчи во средниот ред и играч на лидерот Шкупи, Хамза Рамани, даде свое водување и коментар за претстојните мечеви.
„Одлично ги стартувавме овие квалификации, одигравме фантастичен меч против еден од фаворитите во групата, селекцијата на Шведска. Натпревар во кој успеавме да победиме и да освоиме три бодови на многу тежок терен. Во второто коло на домашен терен загубивме од Холандија, но одигравме на ниво и можеме да жалиме за големите прилики што не успеавме да ги искористиме. На мечот со Молдавија, тргнавме со голема доверба и од стартот верувавме дека ќе ги освоиме сите три бодови, но се случи спротивното, направивме многу грешки со кои практично им ја поклонивме победата“, вели Хамза Рамани.
Дуелот со Грузија сега е од исклучително значење.
„Никако не смее да си дозволиме да потцениме ниту една репрезентација. Ова се квалификации и нема лесен противник. На сите натпревари треба да пристапиме став и да дадеме се од себе.
Мечот со Грузија од квалификациите за нас е од голема важност. Треба да бидеме максимално фокусирани и посветени во текот на сите деведесет минути, да оставиме срце на терен. Само така можеме да се надеваме на позитивен резултат.
По негативниот резултат со Молдавија, се надевам дека веќе на следниот меч ќе се вратиме на победите и играта која не красеше на првите два натпревари. Се надевам и верувам дека ќе успееме да излеземе како победници на дуелот со Грузија.
Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата. Верувам дека само позитивните резултати може да ја кренат уште повеќе нашата мотивација и да освежат дополнително атмосферата во тимот, која е на високо ниво“, истакна младинскиот репрезентативец.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski