Наполи и Милан ремизираа 2-2 на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во десеттото коло од Серија А. Оливие Жиру постигна гол во 22. и во 31. минута по нафрлувањата на Кристијан Пулишиќ и Давиде Калабрија, а избраниците на тренерот Стефано Пиоли водеа со 0-2 на полувреме.
Сепак, домашните израмнија подоцна, кога стрелци беа Матео Политано во 50. минута и Џакомо Распадори во 63. минута.
Жиру играше до 81. минута. Пиоли го повлече од игра, а искусниот француски напаѓач не беше среќен, како што потврди и во интервјуто за „Скај Спорт Италија“.
„Лично, јас сум среќен што постигнав два гола и благодарен за нафрлувањата на моите соиграчи. Сепак, разочаран сум од резултатот. Создадовме толку многу шанси. Можевме да победиме, но не можевме да го затвориме натпреварот“, изјави Жиру.
Лут сум и фрустриран затоа што видов дека Интер го доби нивниот натпревар. Се надевам дека овие два загубени бода нема да не чинат подоцна“, додаде Жиру, кој одби да дојде на клупата откако ја напушти играта, но натпреварот го следеше седејќи на преносливиот ладилник.
„И јас сум само човек, не сум робот. Бев разочаран бидејќи сум сигурен дека можев да им помогнам на соиграчите. Имав уште енергија, сакав да останам на теренот. Секако, се смирив после пет минути и му кажав на тренерот. Ја почитувам неговата одлука, само го сакав најдоброто за тимот. Бев фрустриран што требаше да победиме“, објасни Жиру.
Жиру постигна шест и асистираше за три гола за Милан во 12 настапи оваа сезона. Тимот на Пиоли е на третото место со 22 бода, три помалку од водечкиот Интер. Бранителот на титулата Наполи е четвртопласиран со 18 бодови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal