
Менаџерот на Брајтон, Роберто Де Зерби, смета дека тимот мора што побрзо да се врати на успехот од минатата сезона. Премиерлигашот синоќа го доби својот прв европски натпревар, победувајќи го Ајакс Амстердам со 2-0 во Лига Европа.
Брајтон, кој за првпат во својата историја игра во европско натпреварување, беше во серија од пет средби без успех. Тимот имаше пораз и реми досега во својата група против АЕК Атина и Олимпик Марсеј.
„Најважно е што ја сочувавме мрежата, но имаме и голем натпревар в недела и мораме да бидеме подготвени“, изјави Италијанецот осврнувајќи се на премиерлигашката пресметка со Фулам.
„Ова беше прва победа во Европа за Брајтон. Ова е голем ден за нашите навивачи, за клубот, за сопственикот и ние сме горди. За нас е важно да го промениме расположението, да почнеме да победуваме во натпреварите, да играме подобро, како минатата сезона“, изјави Де Зерби.
Брајтон е на седмото место во Премиер – лигата со 16 бода по девет одиграни натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)
